150602 FF FamBus

Листа за проверка на семејни деловни катастрофи

Водењето на семеен бизнис може да претставува огромна финансиска и емотивна награда за членовите на семејството, кои поголемиот дел од времето ќе се бават со непосредни и тековни деловни одлуки. Сепак, за долгорочниот успех на деловните и семејните врски, од витално значење е да се размисли какви активности ќе се превземат доколку нешто тргне наопаку.

Добра идеја за секој семеен бизнис е да направи кратка листа за проверка на потенцјалните семејни катастрофи која вклучува тестамент и план за наследство, деловен статут, данок на наследство, полномоштво и пред-брачни договори.

Тестамент и планирање на наследството

Многу е важно сите сопственици и основачи на семејни бизниси да изработат тестмент. Ова ќе обезбеди удделот во бизнисот да се пренесе на вистинските луѓе, во вистинско време, со помош на правите извршители. Тестаментот исто така се употребува и за заштита на деловните средства од корисниците доколку тие минуваат низ развод или банкрот. Исто така важно е и да се обезбедат финансиски средства за семејството на начин кој  нема негативно да влијае врз бизнисот. На пример, сопственикот може да остави се на брачниот сопатник или на децата, кои на никој начин не се вклучени во работењето на бизнисот. Во таков случај, тестаментот може да нуди можност на другите бизнис сопственици да ги искупат членовите на семејството.

Деловен статут

Деловните статути на акционерските друштва се документи на компанијата, но треба да се преиспитаат бидејќи може да вклучуваат права на наследство на акционерите, кои ги заобиколуваат одредбите на тестаментот. Меѓутоа, статутот може да биде изменет.

Данок на наследство

При смртен случај секој имот е подлежен на данок за наследство, па затоа е исклучително важно да се планира ослободување од ваквиот данок. За ова постојат посебни критериуми кои мора да се исполнат, па затоа е клучно предвремено планирање.

Полномоштво

Полномоштвото дозволува сопственикот да назначи други лица кои може да делуваат во негово име во врска со имотот и финансиите. Можно е да се создадат две одделни полномоштва , така што ќе бидар назначени различни лица кои ќе се занимаваат со личните финансии и деловните прашања.

Пред-брачни договори

Пред-брачните договори утврдуваат што ќе се случи со конкретни средства доколку брачниот пар се разведе и се корисни доколку еден од семејните сопственици стапува во брак. Овие договори може да осигураат дека доколку настане развод во иднина, интересот на бизнисот ќе биде заштитен.

Воспоставување на механизам за справување со наведените потенцијални катастрофи може да потрае подолго, но препорачливо е навремено справување со овој вид проблеми.

Повеќе за конференцијата ->