Pexels Photo 293003(1)

Парадоксот на назначување на иден лидер

Назначувањето на иден лидер, односно предавање на семејниот бизнис на идната генерација претставува сет на комплексни опции со кои се справува основачот на фирмата. Општо земено, опциите се:

  • Назначување на член на семејството
  • Назначување на менаџер-чувар
  • Назначување на професионален менаџер
  • Продавање на бизнисот
  • Ликвидација на бизнисот
  • Избегнување на превземање активност

Секоја од овие опции е специфична и носи сопствен збир на предности, недостатоци, можности и закани. Начинот на кои тие ќе влијаат исто така се разликува од еден до друг семеен бизнис во зависност од:

  • Способноста да се привлечат семејните и не-семејните наследници кои поедуваат вештини да раководат со бизнисот
  • Финансиските потреби на семејството
  • Личните и корпоративните даночни последици
  • Состојбата и големината на бизнисот
  • Надворешното бизнис окружување во времето на наследување

Доколку постои посветеност и заложеност за задржување на директна контрола врз бизнисот, првата опција за назначување на член од семејството е оптимална. Истражувањата покажуваат дека доколу постои добар кандидат во рамките на смеејството, семејството ќе го избере семејното решение за водење на бизнисот од неколку причини:

  • Поголема шанса за реализирање на сопствените вредности и желби
  • Чувство на сигурност дека нивното животно работење е во добри раце
  • Остануваат во контакт со бизнисот и дури задржуваат одредено влијание врз него
  • Чувствуваат дека жртвите кои ги направиле се бизнисот се исплатиле

Назначувањето на наследник кој не е дел од семејството на постојана позиција или како привремен чувар е следната опција доколку бизнисот не располага со мотивирани и способни семејни наследници. Генетиката сепак не гарантира дека семејството ќе произведува претприемачки бизнис лидер секоја генерација.

Во однос на можностите за излегување од бизнисот, директната продажба ќе ја поврати поголемата вредност на бизнисот.  Од друга страна, откупот на раководството со приватен капитал (продажба од страна на основачот на постојниот менаџерски тим во кој може да се вклучени и членови на семејството) може да претставува добар компромис помеѓу пренесување на сопственоста и директна продажба.

Ликвидацијата подразбира продажба на сите средства на фирмата, исплаќање на долговите и отпуштање на вработените, но тоа подразбира значителни трошоци и не резултира во добивање на најдобрата цена за вредноста а бизнисот.

На крај, основачот може да избегне превземање на било каква активност и да го избегне планирањето за иднината на бизнисот. Тука лежи и централниот парадокс на оваа одлука, бидејќи иако повеќето основачи тврдат дека сакаат да назначат семеен наследник, во пракса тие најчесто ја одбираат опцијата да не превземат ништо. Не превземање на никаква активност е најнелогична, најризична и најскапа од сите можни опции, но сепак е најчесто применувана.

Повеќе за конференцијата ->