Најголемиот предизвик на семејниот бизнис
Четврта конференција
Ќе ни биде мило да се видиме во Скопје на 19 Јуни
Локација: City Hall Centar
Придружете ни се на конференцијата за семејни бизниси која се одржува четврта година по ред. Овој настан собира на едно место голем број сопственици и наследници и овозможува единствена можност да се слушнат искуства на компани кои успешно извршиле пренос на сопственоста. Во текот на настанот ќе бидат адресирани предизвиците при трансфер на сопственоста од една генерација на друга.
Уште 20 слободни места
Ние, во Clear View бизнис тренинг центар, веруваме дека малите и средни компании, кој се најчесто и семејни бизниси, се витални за здравјето и стабилноста на секоја нација. Со тоа што токму тие вработуваат најголем број луѓе однoсно креираат најголем број нови работни места и обезбедуваат најголем дел од стоките и услугите во стопанството.
Знаеме дека микро, малите и средни претпријатија се во позиција да станат главен двигател на брз, одржлив раст на земјата и да придонесат за зголемување на вработеноста. Најголем дел од нив се семејни компании. Во македонската економија 99% од вкупниот број на компании се микро, мали и средни и тие вработуваат 76% од вкупниот број на вработени. И покрај нивниот потенцијал, тие сеуште се соочуваат со проблемите кои ги носи преносот на сопственоста од една на друга генерација.
Инспирирани од статистиката дека токму овие компании кои се главен двигател на секоја национална економија, за жал при преносот на сопствеништвото на вторта генерација високи 70% од нив пропаѓаат, одлучивме да ја организираме оваа конфенеренција. Ова е нашиот скромен придонес, носиме интернационални експерти на оваа тема кои ќе им помогнат на македонските бизнисмени и наследници да добијат одговор на голем дел од прашањата кои ги измачуваат, ќе пренесат регионални практики и ќе споредат како тоа се прави во овој регион и каде сме ние. Воедно се надеваме дека преку начнување на оваа тема која што е од поголем општествен интерест ќе ги поттикнеме и другите релеватни фактори на општеството да обратат поголемо внимание на ова горливо прашање на македонската економија.
- Принципот е тој, разликата е во нијансите – Што можеме да научиме од искуствата на земјите од ЕУ кои низ бизнис трасфер поминуваат стотици години
- Вака или онака, ќе Ве наследат, нека биде под Ваши услови! – Како го пренесов водењето на Адижес Институтот на синот
- Големи беа чевлите на тато… морав брзо да пораснам – Моето искуство во превземањето на компанијата од татко ми, основачот
- Пренос на наследство на втората генерација во пост-транзициски земји – 10 години искуство со семејни бизниси
- Дискусија – „Како да се поттикнат основачите да започнат со бизнис трансфер“
– Основачи и сопственици на приватни компании
– Професионални менаџери кои работат во семејни компании
– Наследници на компании
– Членови на семејни бизниси
– Сите кои сакаат да научат како да ја надминат замката поради која пропаѓаат до 70% од бизисните – транзиција на бизнисот на следна генерација
Clear View BTC, лиценциран бизнис тренинг центар кој веќе 12 години им помага на компаниите да ги подобрат бизнис резултатите. На македонскиот пазар ексклузивно носи докажани светски методлогии за бизнис и лидерство и е официјален партнер на Adizes за Македонија. Следејки ја Adizes методологијата, многу компании кои започнале како семејни прераснаа во милионски бизниси.
Блог на конференцијата
Говорници

Борис Вукиќ - Модератор
Г-дин Борис Вукиќ, Партнер на Adzies South East Europе и сертифициран сениор Adizes консултант. 20 години посветно работи на организациски развој и трансформација на компании од цела Европа. Консултант е на број семејни компании од регионот кои прераснале во милионски бизниси.
Ова се само дел од говорниците на оваа конференција

Мирела Алпеза
Мирела Алпеза, доктор на науки и директор на CEPOR, Мирела Алпеза, доктор на науки и директор на CEPOR, Загреб, во последните 10 години ја прати и актуелизира проблематиката на преносот на сопствеништвото во Адриатик регионот. Мирела е носител на Катедрата Семејно претприемништво и Бизнис Трансфер во мали и средни претпријатија на Економскиот Факултет во Осиек, како и ко-автор на книгата: „Предизвици на преносот на бизнисот во мали и средни претпријатија“.
Повеќе

Ичак Адижес
Д-р Ичак Адижес е основач и директор на Адижес Институтот, Санта Барбара, САД. Креатор на методологијата со негово име и врвен консултант на компании и влади од целиот свет (Шведска, Бразил, Мексико, Грција, Израел). Познат е по својот уникатен пристап кон управувањето со организациските промени врз основа на процес кој гради заемно почитување и доверба.
Повеќе
Со своите предавања на четири јазици во повеќе од 40 земји, од Гренланд до Австралија и Јужноафриканската Република, тој го привлече вниманието на научната и професионалната јавност на сите континенти. Неговите книги за управување со корпоративните животни циклуси, управување со промени, справување со врвни форми и стилови на добро и лошо владеење се преведени на 24 јазици.Адижес е роден е во Скопје во трговско семејство на сефардски Евреи. За време на Втората светска војна тој и неговото семејство се протерани во Албанија. Војната ја преживува благодарение на албанското семејство кое ги крие од фашистите до крајот на 1944 година, кога се преселува во Белград, каде што почнува да учи основно образование. Образованието го продолжува во Израел, кон крајот на 1948 година. Во 1963 година дипломира на Економскиот факултет во Ерусалим, магистрира на Универзитетот Колумбија и во 1968 год го брани својот докторат. Исак Адижес предава во повеќе од четириесет земји во светот. Има свои претставништва во многу земји во светот, а најактивни во земјите на Скандинавија, Бразил, Израел, Кина и регионот на Западен Балкан, покриени ASEE (Adizes Southeast Europe) во Нови Сад. Од 2000 година, заедно со своето семејство живее во е во Санта Барбара, Калифорнија.

Аднан Мисимовиќ
Директор на Мегамикс, Сараево Во 2015-та неформално ја презема челната позиција во компанијата. Како резултат на тоа компанијата доживува подем – развиени се два нови профитабилни центри и извршени се значајни кадровски промени, зајакната е компатенцијата на тимот. Денес Аднан одржува месечни состаноци со советодавен одбор во кој се наоѓаат неговиот татко, кој после смалување на обврските е претседател на фубалски клуб. Неговата помлада сестра гради успешна кариера на полето на истражување на потрошувачите, надвор од семејната компанија. Аднан има за цел до 2020 година да подготви наследници кои би можеле да ја преземат челната позиција во компанијата, за да се остваи главниот приоритет: компанијата да постои оддржливо и да не зависи од еден поединец, независно дали се работи за сопственик, менаџер или партнер.
Четврта година е на чело на семејната компанија Мегамикс од Сараево, која брои 180 вработени и прави 21 милион евра приход. Од 15 години започнал да работи од најниско ниво во компанијата за време на распустите. Имал проекти за PNG Viena insurance Group и Henkel, стратешкиот партнер на нивната семејна компанија, за потоа да почне да работи за нив.
Повеќе
Во 2011 донел тешка одлука да се вративо семејната компанија поради конфликтот на интереси. Земајќи ја во предвид продажната ориентација на неговиот татко, во првите неколку години Аднан работи на развој на нови оддели: HR, маркетинг и контролинг.

Саво Станковиќ
Диплoмиран електро инжинер Саво Станковиќ е основач и генерален директор на Hi-Tech корпорација.
Добитник е на наградите “11ти Октомври” и “13ти Ноември”.
Повеќе

Трајче Трајков
Трајче Трајков е основач и генерален менаџер на компанијата Хемија-Комерц, која е прво претпријатије од ваков тип во Македонија и пошироко на Балканот кое се бави со производство на Листели, Декори и Мозаици. Основан а е во 1990 година, има 60 вработени лица и се простира на вкупен затворен и отворен простор од 8000 м2.
Повеќе
Во 2009 година на Генералниот Менаџер, Трајков Трајче му беше доделена награда од Министерството за Економија во соработка со други невладини организации во Македонија за најбрзо растечка мала производна компанија во Р.Македонија.

Данче Чакаровска
Данче Чакаровска е адвокат со повеќе од 25 годишно искуство во областа на корпоративното управување со специјалност за корпоративно управување во семејни компании. Поседува посебно искуство и знаење кога станува збор за можноста за наследување на компаниите согласно домашното законодавство, како и менталитетот, свесноста и културните вредности на сопствениците на компании за навремено регулирање на постпката за преземање на компанијата од нивните наследници. Истата е и сопственик на семејна канцеларија, па поседува и лично искуство во оваа област.
Агенда
08:30 – 09:00
Регистрација
09:00 – 09:45
Што можеме да научиме од искуствата на земјите од ЕУ кои низ бизнис трасфер поминуваат стотици години
Мирела Алпеза – Хрватска
09:45 – 10:15
Како го пренесов водењето на Адижес Институтот на синот
Директно вклучување на Ичак Адижес – Адижес Институт, Санта Барбара
10:15 – 10:30
Кафе пауза
10:30 – 11:15
Моето искуство во превземањето на компанијата од татко ми, основачот
Аднан Мисимовиќ – БиХ
11:15 – 11:35
Основана и порасната компанија… Што е следно?
Трајче Трајков – Хемија – Комерц
11:35 – 12:00
Правни аспекти на семејните бизниси, во посебен осврт на корпоративните договори
Данче Чакаровска – адвокат
12:00 – 12:30
Пренос на наследство на втората генерација во пост-транзициски земји
[10 години искуство со семејни бизниси]
Борис Вукиќ – Адижес Southeast Europe
12:30 – 13:15
Пауза за ручек
13:15 – 14:00
Низ призмата на основачот – Низ призмата на следната генерација
Саво Станковиќ / Милан Станковиќ
14:00 – 14:30
Дискусија/панел
[Како да се поттикнат основачите да започнат со бизнис трансфер]
14:30 – 15:30
Speed Dating
Котизација
Котизација за еден учесник е 7.500.
За тројца учесници од иста компанија следуваат 15% попуст.
Регистрација
Имате прашања? Ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме. Контактирајте нè во секое време.
Контакт инфо:
Clear View BTC
+389 77 579 118
clearview.com.mk
info@clearview.com.mk
Бул. Јане Сандански бр.71а-2/К5/61/6, 1000 Скопје